Добивме 50 милиони евра за железницата и за патишта

Bez autora
Dec 23 2012

Вкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012-2013 ќе бидат вложени во изградба на железничка и на патна инфраструктура. Парите се веќе официјално на располагање на Македонија, а треба да се потрошат најдоцна до 2017 година. На веб-страницата за тендери на ЕУ вчера беше распишана објава за подготовка на основен проект и тендерска документација за изградба на нова железничка делница од Kичево до границата со Република Албанија, како дел од Kоридорот 8. Со тоа практично почнува постапката за избор на консултант. Договорот се очекува да биде склучен во втората половина на 2013 година со времетраење од 24 месеци и буџет во износ од 8 милиони евра. Во делот железници приоритет ќе има и изработката на главен проект и тендерска документација за изградба на делницата Kрива Паланка - граница со Република Бугарија, исто така како дел од Kоридорот 8. Предвидени се и проекти за изготвување проектна документација за железничките делници Скопје - Kичево и Велес - Битола, како и основен проект за делницата Драчево - Велес.

Добивме 50 милиони евра за железницата и за патиштаВкупно 50,3 милиони евра од третата компонента на ИПА-фондовите за периодот 2012-2013 ќе бидат вложени во изградба на железничка и на патна инфраструктура, изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Парите се веќе официјално на располагање на Македонија, а треба да се потрошат најдоцна до 2017 година.

- На веб-страницата за тендери на ЕУ вчера беше распишана објава за подготовка на основен проект и тендерска документација за изградба на нова железничка делница од Kичево до границата со Република Албанија, како дел од Kоридорот 8. Со тоа практично почнува постапката за избор на консултант. Договорот се очекува да биде склучен во втората половина на 2013 година со времетраење од 24 месеци и буџет во износ од 8 милиони евра - рече Јанакиески.

Во делот железници приоритет ќе има и изработката на главен проект и тендерска документација за изградба на делницата Kрива Паланка - граница со Република Бугарија, исто така како дел од Kоридорот 8. Предвидени се и проекти за изготвување проектна документација за железничките делници Скопје - Kичево и Велес - Битола, како и основен проект за делницата Драчево - Велес.

Во делот патишта е предвидена рехабилитација на патните делници по должините на Kоридорот 10 и 10д, како и Акциски план за подобрување на безбедноста на патиштата по должина на коридорите 8 и 10. И делниците Миладиновци - Скопје, Kуманово - Миладиновци, Меџитлија - Kрклино, Kрклино - Прилеп и Градско - Неготино ќе бидат опфатени со оперативната програма.

Во 2012 година со поддршка од ЕУ се почнати шест проекти, од кои три за железничка, а два за патна инфраструктура, како и еден за мултимодален транспорт вредни вкупно 224,5 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik